Скопје ќе добие нов мост на Вардар (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај оној во населбата Аеродром кој ќе ја спојува населбата со левата страна на реката Вардар кај Керамидница, наскоро ќе почне изградба на уште еден мост но во Карпош.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на фејсбук постираше видео со кое покажа како ќе изгледа новиот мост кој ќе ги поврзува Карпош и Злокуќани.

„Завршено е проектирањето на новиот мост во Скопје. Постапката за избор на изведувач, ја започнуваме до крајот на јули. Овој мост, ќе ги спојува Карпош 3 и 4 по ул. Љубљанска (покрај Сити мол) со Злокуќани и Бардовци на ул. Скупи.

Многумина сметаат дека би требало барем уште еден мост да добие градот, и тоа во делот на Ново Лисиче и поврзувањето со Маџари, а многумина бараат мост кој би го поврзал Аеродром со Кисела Вода.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK