Шокантни резултати: Лани имало двапати повеќе пијани возачи и две третини неисправни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во најновата анализа на Министерството за внатрешни работи на Македонија има навистина шокантни бројки во однос на тоа колкав е бројот на „фатени“ пијани возачи во 2018 година и колку технички неисправни возила имало на патиштата во земјава. Според најновиот извештај во 2018 година за ДВА ПАТИ Е ЗГОЛЕМЕН бројот на поднесени барања за поведување прекршочна постапка против возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Акциите што лани ги спроведуваше сообраќајната полиција сега се уште позачестени и секој викенд има десетина возачи што остануваат без своите возачки бидејќи управувале под дејство на алкохол.

Исто така во 2018 година за 67 отсто е зголемен бројот на барања за прекршочна постапки за „технички неисправност на возилата“.
Службите за безбедност на патниот сообраќај планирале и реализирале 55 републички контроли, а биле реализирани и 26 засилени акциски контроли во патниот сообраќај за потешките прекршоци.

Од сообраќај биле исклучени 34.894 возила, то е зголемување за 40,6 отсо. Од нив над 30 отсо се на подрчјето на СВР Скопје.
Во 2018 година се регистрирани 105.237 прекршоци, и се бележи тренд на зголемување од 23 отсто во споредба со 2017. Најмногу прекршоци има на подрачјата на СВР Штип (19.151) и СВР Теово (18.990) што е зголемување од 25 отсто.

Биле издадени 221.718 прекршочни платни и мандатни казни, а од нив наплатени се вкупно 12.546 налози, а предупредени биле 23.200 учесници.

Половина од поднесените барања за поведување прекршочна постапка се однесуваат на сторени прекршоци како „употреба на нерегистрирани возила“ и „управување без возачка дозвола“. Дури за 50 отсто е зголемен бројот на казни токму поради управување без возачка дозвола.