Се решава метежот кај Момин Поток – ќе се гради клучка со два кружни тека

ОБЈАВЕНО НА:

Нервирањето околу сообраќајниот хаос кај Момин Поток ќе трае уштее извесно време додека се направат двата планирани кружни тека и надвозниците кои деенска ги најави Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје. Изведбата на проектот треба да трае околу 2,5 години по што ќе се реши проблемот со поврзувањето на северниот со јужниот дел од градот.

Овој дел од градот е еден од најфрекфетните и дневно поминуваат околу 25.000 возила. Целокупниот проект е вреден околу 18 милиони евра, а покрај надвозници и кружни текови ќе се изградат и мостови на реката Серава клоја тече тука.

„Според својата комплексност, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено од 1965 година, па наваму. Малку поедноставен е проектот за клучката кај хотелот „Континентал“. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина, изјави Шилегов, на денешната прес-конференција.

Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Проектот предвидува и изградба на 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK