Сакате зимава да скијате во Мaврово – еве ги цените (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Скијачката сезона во македонските центри е почната и веќе се објавени и цените. Во скијачкиот центар Маврово објави два типа на билети, во висока зона – до 21 јануари, и ниска сезона – после 21 јануари.

Интересно е дека нема промени во однос на ланските цени. Цените на билетите се движат од 800 денари за деца, па до 1100 денари за возрасни за цел ден. Ски карта до 13 часот чини 850 денари (500 за деца) а полудневен билет до 12 часот чини 650 денари (500 денари за деца).

Билет само за жичарницата чини 300 денари. Дневните ски билети се движаѕт од 2.100 денари за возрасни, а најскапиот билет за 14 дена е 11.500 денари. Доколку сакате сезонска ски карта, истата ќе ве чини 20.000 денари.

Сезонава од Ски центарот во Маврово гарантираат дека ќе има и ноќно скијање и тоа секој петок и сабота и ќе има загарантиран паркинг.

Повеќе информации на www.skimavrovo.com

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK