Протест: Скопје на пладне под опсада на камионџиите

ОБЈАВЕНО НА:

Камионџиите утре ќе протестираат против дополнителната акциза од три денари за литар гориво, што беше воведена минатата недела. Протестот ќе почне во 12 часот во Скопје.
Групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“ на нивниот фејсбук профил го потврди протестот со почне во 12 часот. Но, нема информација каде ќе започне и каде ќе се движи колоната на нивните возила.

„Врз основа на одобрение на Министерството за внатрешни работи кое го добивме денеска, протестот кој е закажан за утре- вторник 28.04.2020 година со почеток во 12:00 часот ќе се одржи“, велат од „Макамтранс“.

Секој кој е во возило мора да има маска и ракавици и да ја носи дозволата добиена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Протестот е во период кога нема полициски час па за сите други кои немаат ДСЗИ дозвола, нема потреба да носат специјална дозвола издадена од работодавач, соопштија од „Макамтранс“. Возачите на возилата, како што се нагласува, не смеат да излегуваат надвор од возилата.

Камионџиите се жалат дека поради зголемената акциза се доведува во прашање нивното работење. Тие бараат укинување на Уредбата за зголемување на акцизата и наместо неа да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Асоцијацијата на превозници Макам-транс бара укинување на Уредбата за зголемување на акцизата за три денари и воведување прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и два проценти данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.

ОДОБРЕН ПРОТЕСТ НА 28.04.2020 ГОДИНА!!!Почитувани членки,Врз основа на одобрение на Министерството за внатрешни…

Публикувахте от Makam-Trans в Понеделник, 27 април 2020 г.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK