Промоција на новото Berlingo: повеќе, поудобно, подобро, поголемо…

ОБЈАВЕНО НА:

Новото Citroën Berlingo претставува иновативна понуда во смисла на дизајн, прилагодливост и практичност. Просторно, удобно и со можности за персонализацијa, новото Citroën Berlingo се истакнувасо своите многубројни адути: слободен простор со рекордна зафатнина, исклучителна модуларност со три индивидуални седишта назад, бројни прегради за чување предмети со повеќефункционален покрив Modutop® од најнова генерација и нов избор на бои и материјали за да си создадете свој свет.

За оние што сакаат да имаат возило што истовремено ќе го користат за својот мал бизнис, семеен или пак занаетчиски, а притоа да имаат и превозно средство за семејството и личните потреби Citroen им го нуди Berlingo. Од 1996 година тој е верен пријател на семејствата и малите бизнисмени. Може д абиде во верзија на патничко или товарно, но без разлика на се ќе биде истовремено и практичен и функционален.

Во исто време кога македонскиот импортер Автонова реши да го промовира новиот Citroen C5 Aircross на Навак патеката крај Белград, покрај за македонските, истиот беше претставен и за српските медиуми. Можеби патека на која пред се можете брзински да испробате некое возило и не е иделано место за запознавање со возачките квалитеи на Berlingo. Тоа е возилот со кое нема да „бркате брзина“, туку ќе сакaте квалитено да си ја завршите работата или безбедно да стигнете до местото на кое сте тргнале.

За новото Berlingo сигурно може и треба за повеќе работи да се користат зборовите, повеќе, поудобно, подобро, поголемо….И тоа од дизјан, практичност, функционалнсот,удбност, технологија, ефикасност.

Новото Citroën Berlingo поседува генијален дизајн и на сите свои патници им гарантира исклучителна удобност и душевен мир. Напред, ветробранското стакло е испакнато, а дизјанот на командната табла е прочистен со што се гарантира чувство на зголемен простор и дополнителна светлина. Целосно редизајнирана е и звучната изолација.

Назад сите патници во новото Citroën Berlingo, уживаат во идентичен комфор, со три индивидуални седишта со идентична ширина кои гарантираат ист простор за сите патници. Овие три идентични седишта нудат и оптимален простор за нозете, било да станува збор за конфигурација со 5 или со 7 седишта и кај двете верзии M и XL. Секое од овие три седишта може да се склопи под плочата и поседува систем за фиксирање Isofix i-Size.

ОПТИМАЛНА МОДУЛАРНОСТ
Седиштата назад се преклопуваат одделно или заедно во подната плоча за да ја добиете посакуваната конфигурација. На овој начин се добива идеално рамен под. Верзијата XL кај новото Citroën Berlingo со склопување на совозачкото седиште напред под плочата нуди зафатнина до 4000 литри и должина за товарање над 3 метри.
Назад, плочата за покривање на багажникот може да се постави во две позиции една висока и една класична како и позиција за одделување на товарниот простор. Има носивост до 25 kg и е лесно достапна преку задното стакло кое се отвора одделно. Многу практично, оваа плоча може да се постави зад седиштата од вториот ред.

ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА И МЕСТА ЗА ЧУВАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Типичен за повеќенаменските возила, новиот мултифункционален плафон кај новото Citroën Berlingo го презема најдоброто од двете претходни генерации нудејќи уште поголема светлина. Modutop® се состои од достапен куфер на плафонот со пристап од седиштата назад и од багажниот простор, а претставува проѕирна арка, со дискретна амбиентална светлина низ целата должина на Modutop® така што може да ги гледате предметите кои се чуваат во него. Modutop® гарантира дополнителна светлина со голем стаклен покрив кој се затемнува со електрична завеса.

МНОГУ ТЕХНОЛОГИЈА- СИГУРНОСТ И ПОМОШ ВО ВОЗЕЊЕТО
Во дослух со модерното време, новото Citroën Berlingo има на располагање 19 технологии за сигурност и помош во возењето како и 4 технологии за поврзување, меѓу кои вреди да се напомене безжичен полнач за смартфон или 3D систем за навигација со гласовно препознавање.
Ги соединува сите модерни и корисни технологии од денешницата. Новото Citroën Berlingo располага со најдобрата технологија и гарантира највисоко ниво на сигурност и релаксираност при патувањата.

Крајно модерно, новото Citroën Berlingo е опремено со екран чувствителен на допир со голем екран од 8″ со можност на зумирање на сликата со прсти како и кај вашиот смартфон. Преку екранот се управува со сите функции на автомобилот, системите за помош во возењето, клима уредот и со радио.

Со технологијата Mirror Screen* (преку Apple CarPlay™, MirrorLink® и Android Auto), можете да го поврзете вашиот смартфон и безбедно да управувате со сите видови апликации кои се компатибилни при возење од екранот чувствителен на допир .
Системот за 3D навигација од најнова генерација, Citroën Connect Nav, е поврзан со услугите TomTom Traffic со цел да понуди информации за сообраќајот во реално време, локација на бензински станици, цени на горивата и паркиралишта.

ЕФИКАСНИ МОТОРИ
Новото Citroën Berlingo се карактеризира со динамично однесување на патот благодарение на спојот на новата платформа и ефикасните мотори од најнова генерација во делот на потрошувачка и емисија на CO2.
Новото Berlingo располага со бензински и дизел мотори идеални за урбано и екстра-урбано возење. На преден план кај овие мотори се нивните перформанси, но и почитувањето на животната средина.
Новото Citroën Berlingo го нуди новиот осумстепен автоматски менувач EAT8, за оптимален комфор во возењето.
. Гама бензински мотори PureTech : 1,2L PureTechS&S 110КС или 130КС EAT8
. Гама дизел мотори BlueHDi : 1,5L BlueHDiS&S 75КС или 100КС или 130КС BVM6 или EAT8