Поради влажни и лизгави патишта лани загинале 25 лица во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Доцната есен, а особена зимата, е приодот кога возењето по локални и регионални патишта треба да се биде максимално внимантелен, пред се поради влажноста и зголемената лизгавост на патиштата.

Поради овие непријатни состојби на патиштата, минатата година се случиле 583 незгоди. При тоа вкупниот број на загинати и повредени лица изнесувал 1.073 лица, покажуваат официјалните статистики на Државниот Завод за статистика на Република Македонија.

Од овие 1.073 лица, 25 лица се загинати, а останатите, 1.048 се повредени. Оваа статистика не бележи ниту подобрување, ниту влошување во споредба со изминатите години и истата е во рамките на просекот на претходните години.

Оттука пожелно е во текот на зимските периоди да користите зимски гуми, да поседувате ланци, да ја прилагодувате брзината на движење, но и да ги практикувате останатите совети за возење во зимски услови.