Полицијата казни 131 возач во Чаир од вкупно 411 во цело Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај редовните контроли во Скопје, полицијата направи и засилена контрола во скопски Чаир и во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 131 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и на територијата на град Скопје изречени се вкупно 411 санкции.

Меѓу прекршоците 83 се за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK