Подгответе го возилото со зимската сервисна акција во Аутомакедонија

ОБЈАВЕНО НА:

Падот на температурата носи понекогаш потешкотии околу стартувањето на моторот, замрзнување на стаклата, акумулаторот и секако морате да имате зимски гуми или зимска опрема. И најдобро е пред почетокот на зимската сезона да направите сезонска проверка на возилото и системите – и да го освежите моторот со ново, квалитетно моторно масло.

Секако прво се прави визуелна контрола на возилото, а потоа и се она што подразбира менување на потребните делови. Мулти Бредн сервисот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, ги врши сите сервисни операции кад еима врвни мајстори, под будната контрола на машинските инжинери со долгогодишно искуство во работата и врвна опрема и рачен алат.

Сервисот е опремен со 7 работни места, 7 двостолбни дигалки, специјални тестери на BOSCH (за квалитетна и прецизна дијагностика на секакви дефекти), опрема за замена и балансирање пневматици.

Во комплексот е сместен и сервисот за лимарски поправки и фарбање (овластен од сите осигурителни компании во земјата). Во сервисот во Кисела Вода можете да ги одржувате и поправате сите видови и марки на патничк и лесни комерцијални возила.

Од Аутомакедонија дизајнираа специјален зимски пакет на проверка и редовен маслен сервис. Зимскиот сервисен пакет – предвидува извршување на основните операции на редовно одржување – промена на масло и филтер за масло.

Во промената на маслото, го користиме врвното масло на LIQUI MOLY (7 години по ред избирано како најдобар бренд во својата класа од највлијателните авто магазини во Германија – Auto Bild, Auto Motor und Sport, Auto Zeitung…).

Цената на 1 литар од полусинтетичкото моторното масло Leichtlauf Performance 10W-40, на LIQUI MOLY ќе ве чини само 250 денари. Работната рака, пак, за извршување на основната операција – промена на масло и филтер за масло, изнесува 649 денари (со вклучено ддв).

Aко претпоставиме дека Вашето возило собира 4 литри масло, му одговара градацијата и спецификацијата на маслото Leichtlauf Performance – сметката за Вашиот зимски сервис ќе изнесува скромни – 1.649 денари!

Сервисната акција се однесува само за сервисот во Кисела Вода, и само со претходно закажување термин на тел 02 3103 130

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK