По девет години Македонија со најдобар февруари за увоз на нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

И со новиот закон за данокот на новите возила кој почна да се применува од 1 јануари 2020 година македонските импортери на нови автомобили успеаа во февруари годинава да постигнат одличен резултат и после девет години да направат рекордна бројка. Иако и бројот на половни возила е преполовен тој е поголем од оној во јануари 2020 година.

Во услови кога комората на импортери на нови возила не функционира и повеќето од импортерите јавно не ги споделуваат податоците за бројот на продадни возила, како валидна и реално најточна бројка е онаа на Царинската управа. Таму податоците се за бројот на увезени возила, но треба да се има предвид дека сите увезени не се и продадени, бидејќи дел од тие возила се наоѓаат во изложбените салони на импортерите.

За двата месеци од годинава вкупно се увезени 4.617 моторни возила. Најмногу се автомобили – 4.148 (974 нови и 3.174 половни), потоа 423 товарни возила (113 нови и 310 половни) и 46 автобуси (1 нов и 45 половни)

Според податоците на Царинската управат во февруари биле увезени 570 нови возила. Во најкусиот месец во годината е пријавени и првпат над 500 возила после 2011, а забележан е најдобра месец после оној во 2010 година кога беа увезени 786 возила.
Нема аналитички информации за видот на возила, погонот, брендовите, но според она што се случуваше може да се нотира дека добар дел од тој увоз е поради одредени тендери кои во овој период се реализираат.

Во однос на половните возила, во февруари увезени се 1950 возила, што е драстичен пад од истио тпериод од лани (2798), но повеќе од јануари 2020 кога се увезени 1224 возила.