Од утре поскапо патувањето во Грција за 3,2 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако решите од утре да одите за Грција треба да знаете дека кафето кое традиционално го пиете при првото плаќање ќе ве чини 3,2 евра поскапо. Ама не е поскапено кафето, туку почнува да се наплаќа на патарината кај Гевгелија. Така за одење до Солун на кафе сега ќе треба да одвоите дополнителни 200 денари.

Цената на наплатната станица во еден правец е 100 денари, односно 200 во двата правци. Ако плаќате во евра, као што тоа го прават странците тогаш 100 денари ќе ве чинат 2 евра.

На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје. Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села.

За цените на сите патарини во Македонија можете да го посетите сајтот на АМСМ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK