Од ноќеска поскапува бензинот и дизелот

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска нафтените деривати на бензинските станици на Макпетрол ќе се продаваат по повисоки цени. Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на „Макпетрол“ АД Скопје, а ќе се применуваат од 00:01 часот на 21.5.2019 година.

Поскапувањето е дојдено поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи. Поскапувањето е 1 денар за Ultra 95+ и два денари за дизелот.

Новите цени на нафтените деривати се следниве:

–         Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
–         Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
–         Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
–         Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
–         Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.