Од јули сообраќајната полиција со камери ги снима контролите што ги прави

ОБЈАВЕНО НА:

Снимањето го вршат полициските службеници кои со себе носат камери кои се поставуваат-закачуваат во облеката на полицискиот службеник и при секоја примена на полициските овластувања со цел да бидат документирани полициските постапки.

Она што вообичаено го гледаме на филмовите, особено оние американските како полицијата при сопирање на некое возило и вршење на контрола истата процедура целосно ја снима сега ќе биде секојдневие и на нашите патишта.
Се работи за пилот проект почнат уште во 2016 година, сега од 8 јули истиот проект е проширен и во Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата Скопје и Одделението за увиди на сообраќајни незгоди Скопје.

Снимањето го вршат полициските службеници кои со себе носат камери кои се поставуваат-закачуваат во облеката на полицискиот службеник и при секоја примена на полициските овластувања со цел да бидат документирани полициските постапки.

„Снимањето со мобилниот систем за снимање со камери е отпочнато во месец 01.07.2016 година како пилот проект во мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај. Од 08.07.2019 година снимањето е проширано и во Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата Скопје и Одделението за увиди на сообраќајни незгоди Скопје при Секторот за внатрешни работи Скопје, со тенденција истата да се имплементира и во останатите организациони единици во БЈБ, како редовен начин на извршување на полициските работи, се вели во објаснувањето на Министерството за внатрешни работи на Македонија.

Примената на Мобилниот систем за снимање со камери е заради остварување на следните цели:
➡️ да се документираат постапките на полициските службеници во врска со преземање на службени дејствија,
➡️да се обезбеди законитост во постапувањето на ПС,
➡️ отстранување на пропустите во работата на ПС преку користење на снимениот материјал за анализа, обука и унапредување на полициското постапување,
➡️контрола на работењето на полициските службеници од страна на нивните претпоставени старешини,
➡️превенирање на појава на злоупотреби и корупција,
➡️утврдување на основаноста на поплаките од граѓаните и слично.

Добро е да се знае бидејќи истите видео снимки потоа може да се користат во било каква процедура што потоа би следувала. И нема веќе да биде „мојот збор против зборот на полицаецот“ . Видео документо покажува како се постапувало и дали имало прекршување на постапката и навистина бил направен прекршок.

Па внимавајте како се однесувате, што зборувате, и пред се немојте да правите прекршоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK