Нови цени на горивата: Бензинот поскапува – дизелот поевтинува

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат следнава недела. Зголемување има кај Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а намалување кај дизелот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,709 ден/кг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK