Нов рекорд на „пајакот“: Подигнати „само“ 10 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Ако навикнавме да читаме за непочитувањето на правилата каде е дозволено паркирање, а каде не и во текот на една недела имаше и над 300 подигнати возила само во Скопје, сега стигнуваат „охрабрувачки“ вести. Се разбира истите не се поради освестувањето на возачите туку највеќе веројатно поради ограниченото движење, полицискиот лас и препораките да не се движиме ако немаме голема потреба.

Според податоците на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ во текот на изминатата недела (27.03 – 02.04.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 10 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, само 3 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 7 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 90 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK