Никој како Струмица – полицијата казни над 150 лица за 1 час

ОБЈАВЕНО НА:

Откако почнаа засилените контроли на полицијата во сообраќајот досега резултатите покажуваа дека за 1 час најмногу што се казнети, се 90 лица и тоа во Битола. Но, сега нов рекордер е Струмица. Таму полицијата за само 1 час санкционираше над 150 лица што е речиси двојно повеќе од сите други градови (без Скопје).

Покрај во Струмица, истовремено полицијата имаше засилена контрола и во Радовиш, каде за само 1 час се санкционирани над 60 лица. Утре ќе бидат познати целосните резултати, но повторно најчестата причина за санкциите за управување на нерегистрирани возила и возење без возачка дозвола.

Во текот на вчерашниот ден, 13 ноември само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, потоа 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.

Само на територијата на Кисела Вода и Сопиште изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, потоа 17 за неисправни и нерегистрирани возила, за возење под дејство на алкохол 6 санкции и 16 мерки за неносење на заштитна маска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK