Навиките со паркирање тешко се менуваат – пајакот подигнал 303 возила во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Некои навики на скопјани тешко се менуваат, особено кога станува збор за паркирањето. И кога не се внимава каде се паркира, тогаш „игра пајакот“ и следува казна. Според податоците од Град Скопје и ЈП „Градски Паркинг“ за една седмица се подигнати вкупно 303 возила.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 262 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 41 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, велат од Градски Паркинг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK