Макпетрол со нова наградна игра – повторно ќе дели автомобил, скутери, чамец, компјутери…

ОБЈАВЕНО НА:

Петтото издание на наградната игра на Макпетрол под мотото „Верна секогаш со вас“ почнува за неколку денови.Наградниот фонд ќе биде поголем од минатата година, а повторно ќе се поделат автомобил, скутери, компјутери, чамец, ваучери за гуми, моторни масла, викенди…..

За да се учествува во наградната игра потребно е да се направи трансакција од над 10 поени, со што се здобивате со една шанса. Поените се добиваат при користење на некоја од услугите и купување на производи на бензинските пумпи на макпетрил. Во моментов во програмата за лојалност има речиси 190.000 членови, што е за повеќе од 20.000 повеќе од лани.

Вкупниот награден фонд е над 80.000 евра, и награднат аигра ќе трае до почетокот на декмеври 2020 година. Ќе има 9 редовни, три мастер кола и едно главно коло.

Главната награда е автомобил Honda CR-V, Потоа два скутери Honda, и чамец Hiegfiled 4.2 RIB заедно со мотор и со приколка.

Повеќе информации за наградната игра можете да добиете на www.verna.mk

Следете не и на:

24AUTO NETWORK