Макпетрол 4 година по ред наградува – користи Верна картичка и освој Honda HR-V

ОБЈАВЕНО НА:

Во следните десет месеци ако ја имате картичката ВЕРНА на Макпетрол и ја користите на бензинските пумпи можете да се надевате на нова награда. Компанијата четврта година по ред организира наградна игра со која на своите лојални корисници покрај врвен квалитет им нуди и можност за добивка. Годинава наградната игра на програмата за лојалност Верна е „Со Верна полни и секогаш добиј“.

Наградната игра започнува на 1 март, а ќе трае до 9 декември, 2019 година. Во тој период ќе се одржат девет редовни и четири мастер кола, како и едно финално коло. Секој месец ќе има подароци: лаптопи Dell, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга или Маврово, ваучери за гуми, ваучери за Лубекс моторни масла, ваучери за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна поени.

Главни награди што ќе бидат доделени во годинешната наградната игра се: косилка за трева Honda HRX 537 HY, скутер Honda SH150, четирицикл ATV Honda TRX 500 FM, гумен чамец Highfield CL380 со мотор Honda 20 KS и приколка, како и фантастичната Honda HR-V 1,5 Elegance Navi.

Вкупниот награден фонд е околу 60.000 евра што ја прави највредна наградна игра во моментов во Македонија. Оваа година повеќе од 155.000 корисници на Верна програмата се потенциални добитници.

Новина годинава е што доколку имате повисоки трансакции и впишете повеќе поени ќе добиете и повеќе квалифкувани трансакции. Од сега со секои впишани од 10 до 19 поени на ВЕРНА картичката нашите потрошувачи се стекнуваат со една шанса за награда. Доколку пак, потрошувачите впишат 20 и повеќе поени во една трансакција автоматски добиваат 2 шанси за награда. Па затоа, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK