Лоша статистика: Повеќе нови возила, помалку регистрирани и осигурани

ОБЈАВЕНО НА:

Иако секоја година се зголемува бројот на возила што се продаваат во Македонија, нови и половни, сепак податоците покажуваат дека повеќе сопственици не ги регистрираат своите возила, ли пак доцнат со обновата на регистрацијата и осигурувањата. Тоа значи дека во сообраќајот постојано има автомобили што се потенцијална опасност бидејќи не ја минале техничката контрола пред вклучувањето во сообраќајот.

Во земјава според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на минатата година имало нерегистрирани 573.725 возила од кои на автомобилите отпаѓаат 407.089. На територија на градот Скопје, пак бројот на нерегистрирани возила изнесувал 201.737 од кои автомобили се 158.178.

Откако се донесе законот со увоз на половни возила постојано годишно по околу 20.000 половни возила влегуваат во Македонија. Почнува да се стабилизира и пазарот на нови возила, иако тоа е далеку од бројките од пред 7-8 години. Но, проблемите со нерегистрираните и неосигурани возила повеќе се однесува на оние што се постари.

Осигурителните компании укажуваат дека во 2016 во споредба со 2015 година не се обновени или неосигурани над 45.000 моторни и приклучни возила секој момент на патиштата. Поради сообраќајни направени од страна на нерегистрирани возила во изминатите 10 години се исплатени од страна на Гарантниот фонд преку 25 милиони евра. Осигурителниот бизнис има годишен губиток од околу 1,4 милиони евра или за десет години околу 14 милиони евра.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возило кое е е во сообраќај неосигурано и нерегистрирано ќе плати глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност на сопственост на возилото, а 100 евра за возачот кој го управува нерегистрираното и неосигурано возило.

Во последните пет години полицијата има изречено 179.423 превентивно репресивни мерки против возачи поради употреба на нерегистрирани возила. Глоби се изречени во 2254 случаи.