Кога полицијата може да ве исклучи од сообраќај и да ви ја земе возачката

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе направите сообраќаен прекршок очекувате да добиете казна. Парична која може да ја платите во рок од 8 дена и да се намали за 50 отсто. И не заборавајте кога ќе ја платите да ја покажете односно доставите копија до органоо што ја издал. Во спротивно може да бидете даде ни на извршител, па ако не ја чувате уплатницата – ќе платите дебело.

За казната што следува полицијата на лице место ќе ви издаде налог што треба да го платите. Но, во некои случаеви може и да ве исклучи од сообраќај, и да ви ја одземе возачката дозвола.

Според Член 341 од Законот за безбедност на сообраќајот полицискиот службеник на самото место привремено ќе го исклучи од сообраќај и ќе му ја одземе возачката дозвола на возачот во следните случаеви:

– ќе го затече да управува со возило или што се обидува да управува со возило, ако е очигледно дека возачот е во таква психофизичка состојба (замор, болест, дејство на опојни дроги или лекови на кои е означено дека не смее да се употребуваат пред и за време на возењето) што не е способен безбедно да управува со возилото,
– за кого ќе утврди дека во организмот има алкохол или дека покажува знаци на алкохолно растројство, како и кон возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол, односно има повеќе од 0,09 г/кг.

– ќе утврди дека му е изречена прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола, односно во возачката книшка;
-не поседува возачка дозвола односно нема возачка дозвола од определена категорија или управува со возило во време кога е во сила прекршочната санкција забрана на управување со моторно возило,

– ќе го затече да управува со возило, а не користи или ги нема при себе помагалата кои се наведени во неговата возачка дозвола;
– ќе ги затече возач да управува со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл и лицата кои се превезуваат и кои со себе не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот,
– ќе го затече да управува со возило подолго од времето пропишано со посебни прописи и не ги користи пропишаното време за одмор и
– возач почетник ќе се затече да управува со возило спротивно на членот 277 од овој закон како и кога влече приклучно возило или врши организиран превоз на деца.

Ако полициски службеник затече возило кое поради техничка неисправност ги загрозува или ги попречува другите учесници во сообраќајот или товарот на него е неправилно сместен, односно недоволно обезбеден или со кое без дозвола се превезува товар чии димензии, односно маса ги пречекоруваат најголемите дозволени димензии, односно маса или осно оптоварување или се движи по пат на кој е забрането движењето на возила од тој вид, ќе му нареди на возачот веднаш да го прекине движењето со возилото и да ја отстрани неисправноста или возилото да го однесе на определено место каде што може да ја отстрани неисправноста, односно со возилото да го продолжи движењето на патот на кој движењето на тој вид на возила е дозволено.
Ако возачот не постапи според наредбата од ставот (1) на овој член, полицискиот службеник ќе го исклучи возилото од сообраќај.

Полицискиот службеник ќе го исклучи од сообраќај возилото кое не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важноста на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност, кое нема пропишани регистарски таблици или кое нема налепница за извршена регистрација.

Полицискиот службеник кој го исклучил возилото од сообраќај на возачот на самото место, привремено ќе му ја одземе сообраќајната дозвола или регистарските таблици, за прекршоците од ставот (1) на овој член.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK