Kia офанзива во Македонија – доаѓа и Niro Hybrid

ОБЈАВЕНО НА:

По промоцијата на Proceed од Киа Моторс Македонија најавуваат доаѓање на уште еден модел во нивната понуда. И тоа модел што особено во САД е вистински хит – Niro. И тоа веднаш во хибридна изведба. Нарачани се 10-тина возила кои треба да пристигнат следните месеци. Од тоа како ќе биде одзивот на купупувачите ќе зависи и дали можеби понудата на Niro ќе биде збогатена и со други верзии.

Со овј модел Kia сериозно ја напаѓа Toyota, особено Prius. Корејците сакаат да покажат дека можат, знаат и произвеле можеби и поквалитено возило од Јапонците. Веќе подолго време од купувачите постои интересирање дали и кога овој модел ќе пристигне па тоа и ги забрзало подготовките за негова промоција во Македонија.

Во моментов покрај хибридната верзија фабриката нуди и модели со plug-in и електрична верзија. Но, тоа засега нема да бидат во понудата. Според одговорните луѓе во Kиа Моторс Македонија прво ќе бидат фокусирани на хибридната верзија, со цел да се запознаат потенцијалните купувачи со квалитеот и предностите на хибридот.

Ќе има две нивоа на опременост, а се уште се преговара за што поприфатлица цена со која Niro ќе биде конкурентен на пазарот, a корисниците задоволни од неговите перформанси.

Kia Niro беше претставен првпат во 2016 година насаемот во Чикаго. Од компанијата тврдеа дека тоа е поконвенционален отколку другите хибриди.
Користи хибриден погон што произведува вкупно 139 КС и троши меѓу 4,7 до 5,5 литри на 100 км. и е изработен е лесни материјали меѓу другото и високо квалитетен и чврст челик и алуминиум. Капацитетот на батериите е 1.56 kWh i тежи 33 кг.

Има 1.6 литарски бензински мотор со 6 степенс менувач со двојна спојка. Елктричниот мотор има сила од 43 КС. И овој модел ќе има 7 годишна гаранција како и целата гама на возила на Kia.