Како да барате обештетување ако го оштетите возилото по дупките на улица?

ОБЈАВЕНО НА:

Во ситуација кога со години нашите улици изгледаат како градилишта и полни со дупки што не се санираат многу често се случува да го оштeтите возилото кога нема да забележите некоја дупка, или поради временските услови тоа не неможно. Тогаш има сочни пцовки и редење „се по список“, но малкумина се решаваат или пак знаат дали и како може да се наплати штетата што е предизвикана.

Со добар адвокат сигурно дека ќе се најде решени, иако мора да се признае дека некогаш треба и подолго време додека целиот судски процес да заврши.

Адвокатската канцеларија Конески“ на својата официјалната фејсбук страна објавија дека, од сега на територија на цела Македонија, во случај на оштетување на возилото поради лошиот квалитет на улиците ќе може да пријавите и побарате обештетување од општините кои се задолжени за одржување на патиштата.

Сигурно интересно, но за се треба докази. Многумина веќе со коментари на ФБ страницата на Адвокатската канцеларија Конески се распрашуваат како да се стигне до обештетување.

„Сведоци сме на лошиот квалитет на дел од улиците во Град Скопје, но и пошироко на цела територија на Република Македонија. Како што и претходно укажавме, повторуваме дека согласно член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа Општините се надлежни за изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти”, од што произлегува дека во случај на предизвикана штета заради редовна употреба на оштетените улици, Општината во чија надлежност е одржувањето на улицата е одговорна за штетите предизвикани при редовното користење на истите од страна на граѓаните, пишува во нивната објава на ФБ.

„Граѓаните коишто претрпеле штета при редовното користење на улиците, којашто е предизвикана заради оштетеноста на истите, имаат право да побараат надомест на настанатата штета од надлежната општина. За да биде појасно би дале и конкретен пример: возите накај вашето работно место и со тркалото пропаѓате во дупка и притоа ви се искривува бандажот и пропратно се оштетуваат и останати делови од подвозјето, не сте виновни вие бидејќи не сте ја избегнале дупката, таа едноставно не требала да биде таму“ стои во нивната објава.

Ако и вие сте имале слична ситуација можете слободно да ја споделите со они ешто ги оштеиле возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK