Kаде во Македонија најбрзо се вози – и се пишуваат најмногу казни

ОБЈАВЕНО НА:

Според статистичките податоци објавени од страна на Министерството за Внатрешни работи, а кои се однесуваат за минатата година, најбрзо се возело на територијата на СВР Тетово. Така во текот на минатата година на територијата на СВР Тетово односно во Тетово, Гостивар и околните општини во вкупно 192 сообраќајни незгоди како причинител била утврдена неприлагодената брзина.

Со ова, СВР Тетово трета година по ред е на врвот според овие статистики пред СВР Скопје  на чија територија  се случиле 122 сообраќајни незгоди поради пребрзо возење.

Од друга страна, најмалку сообраќајни незгоди поради непочитувањето на пропишаната брзина се регистрирани на територијата на СВР Велес, само 19.

2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
СВР СКОПЈЕ 549 590 341 342 272 276 275 178 145 122
СВР БИТОЛА 97 95 48 44 61 49 53 83 49 49
СВР ВЕЛЕС 70 82 60 61 37 26 41 47 17 19
СВР КУМАНОВО 78 57 16 31 49 38 41 50 39 34
СВР ОХРИД 126 118 106 101 87 89 88 97 85 75
СВР СТРУМИЦА 75 87 81 70 50 71 85 72 73 57
СВР ТЕТОВО 145 161 150 209 206 187 189 181 186 192
СВР ШТИП 79 70 61 71 68 52 48 51 44 42

 

И секако внимавајте. Прилагодете ја брзината на движење според условите на патот и сигнализацијата на патот. Казните се високи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK