Издржете уште три дена за да не бидете казнети

ОБЈАВЕНО НА:

Временските прилики во март секогаш се непредвидливи па исто како и сега температурата се спушта и за десетина степени, а можни се врнежи и од снег. Ако случајно сте учесник во сообраќај со моторно возило треба да знаете дека уште три дена (до 15 март) морате во вашето возило задолжително д апоседувате зимска опрема. Во спротивно полицијата доколку ве сопре може да ве казни.

Поседувањето зимска опрема особено е важна за на патиштата надвор од населените места. Под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, минимум од четири милиметри (4 мм) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.