И тоа е прекршок: Колкава е казната за споро возење?

ОБЈАВЕНО НА:

Еден интересен податок објави полицијата во БиХ, лани казниле десетина возачи поради споро возење! Да, токму така, поради споро возење. Казната не е голема, околу 15 евра, но сепак е казна. Во Европа, податок е дека во Белгија имало над 600 вакви казни, а дел биле и поради загрозување на сообраќајот. А не смееме да возат со бзрина од 70 км/ч/ или помалку.  Во САД таквата казна се движи и до 500 долари.

И ако често читаме дека во Македонија полицијата ги фаќа оние што ја прекорачуваат максимално дозволената брзина, треба да знаете дека казна можете да добиете дури и ако возите споро. Што значи тоа?

По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат пешаци, велосипеди, мобилни машини, мотокултиватори, трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на овој закон не се сметаат за моторни возила, освен моторцикли чија сила на мотор е поголема од 35 киловати.

На автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 km/h.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе им се издаде на лицата кои постапуваат спротивно на одредбите од овој член во Законот.

Друго е прашањето што досега нема податок дали и колку вакви возачи биле санкционирани на македонските патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK