Grand Motors е новиот импортер за Hyundai во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најпрофитабилните фирми за дистрибуција и продажба на автомобили во Македонија последниве години, Кореа Ауто Трејд od 1 јануари 2020 година повеќе нема да биде дистрибутер на возилата на Hyundai Motors Company.

Досегашниот дистрибутер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Македонија, Кореа Ауто Трејд оваа функција ќе ја врши до 31 декември 2019 година. Потоа импортерството за Hyundai преминува во рацете на Grand Motors.

Засега нема официјална потврда од двете фирми за трансферот на ипортерството, но според информациите на 24auto импортерството на Hyunday е директно поврзано со Grand Motors од Белград. На дел од просторите на бивша СФРЈ токму Grand Motors е дистрибутер и ширењето на мрежата сега е поврзано и со Македонија.

Grand Motors e импортер на возилата од програмата на неколку брендови меѓу кои и Ford, и во Македонија веќе е присутна преку мешовитата фирма Ми-Да Гранд Моторс. Ми-Да Гранд моторс неодамна се пресели во нов продажно сервисен салон во Скопје каде ги нуди моделите од програмата на Ford и според големината на објектот беше логично дека ќе се борат на добијат уште некој автомобилски бренд.

Кореа Ауто Трејд постои од март 1995 година и последниве години беше меѓу најпрофитабилните автомобилски фирми во Македонија, а покрај во нашата земја ги нудеа моделите на корејската компанија и на Косово. Покрај главниот продажно-сервисен центар во Скопје на улица Скупи, низ Македонија има уште четири продажно-сервисни места, во Тетово, Скопје, Охрид и Штип.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK