Горивата поскапуваат: Бензинот за половина – дизелот за 1,5 денар

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата што ќе важат оваа недела на пумпите во Македонија. Кај сите има зголемување.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 57,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло
за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 35,00 ден/лит.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK