Еуроимпекс и Peugeot со нов дилер во Битола

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се суди според однесувањето на импортерите на автомобили во Македонија, кризните времиња се веќе минато и сите размислуваат за што поскоро обновување на своите дилерски мрежи. Импортерот на возилата од програмата на Peugeot во Македонија, Еуроимпекс веќе го има својот петти дилер.

Новиот дилер се наоѓа во Битола. Тоа е „365 авто“ кој наскоро и официјално треба да го отвори салонот што се наоѓа на улица „Ѓорче Петров“ во Битола. Се работи се продажано сервисен салон кој има вкупна површина од околу 300 м2.

Peugeot има пет дилери досега, во Скопје, Штип, Тетово и Гевгелија. Продажбата преку дилерската мрежа е значајно за секој импортер, и во минатото дури 65 отстоод продажбата била токму преку дилерската мрежа. Во Еуроимпекс сакаат нивната програма да биде поблиску до секој потенцијален купувач, и токму затоа обновата на дилерската мрежа е особено важна.

„Нашата компанија Алфа Припс Дооел стопанисува веќе 10 години. Прво започнавме како такси компанија, за да се прошириме како рент а кар агенција, а од пред 3 години и продажба на автоделови и сервисирање на возила. Работејќи со изнајмување на возила и такси дејност имавме можност да ги запознаеме многу добро речиси сите брендови на возила, но PEUGEOT е брендот кој максимално не воодушеви во секој поглед: беспрекорен квалитет, современ дизајн, повратна вредност и пост-продажна услуга. Тоа резултираше со потпишување на договор со ЕУРОИМПЕКС, на кој сме многу горди и отварање на продажно-сервисен салон од 100 м2 за PEUGEOT возила во Битола и регионот“, изјави Тони Коминовски, сопственико на “365 ауто“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK