Електричната револуција пристига во Македонија – промовиран VW ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

Со ID.3, Volkswagen се движи кон иднината. Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување.

Кога германски Volkswagen реши сериозно да влезе во приказната со електрични возила, на многумина им стана јасно дека тоа е иднината во автомобилската индустрија и во превозот. Неколку години подоцна од VW веќе доаѓаат и конкретни производи. Моделот што е погоден за секојдневна употреба – ID.3 веќе е на нашите патишта.

Првиот контингент од нарачани возила веќе се продадени, а од Порше Македонија ќе имаат веројатно слатки маки. Прво да одговорат на сите љубопитни клиенти, па и да ги задоволи побарувањата од „еколошки освестените“ возачи. Најважно е што визијата за новата иднина е веќе реалност.

Пионерскиот ID.3 на Volkswagen е симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата на Volkswagen како прв модел на комплетно новата генерација на електрични возила – со нула емисии, извонредна ефикасност и целосна поврзаност. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, кое јасно ја истакнува визијата за електрична иднина.

Тоа е сеопфатен автомобил, погоден за секојдневна употреба. Тој е компактен, а како таков, нуди карактеристики на маневрирање на мал автомобил со просторност во внатрешноста како кај поголемите возила. Тој комбинира возбудлив дизајн со иновативна технологија и значителен досег.

Volkswagen со ID.3 отвора нова ера на мобилноста. Ова е прв модел од ID серијата на возила која се карактеризира со 0 емисии на штетни гасови, импресивна динамика на возење што е карактеристична за електричните автомобили и целосна поврзаност. Како и сите идни ID модели, ID.3 се заснова на новата модуларна матрица за електричен погон (MEB), која е дизајнирана за електричен погонски систем без компромис.

Внатрешноста е исто така револуционерна. Долгото меѓуоскино растојание на MEB платформата, во комбинација со многу куси превиси, резултира со просторна внатрешност на возилото. ID.3 поставува нови стандарди во компактната класа. Дигиталните, целосно ново дизајнирани елементи и контроли на дисплејот гарантираат дека секој возач интуитивно ќе го најде својот пат во ID.3. Покрај дисплејот на кокпитот, ново развиениот, централно позициониран, десет-инчен дисплеј на допир им ги дава на возачите сите клучни информации.

VW ID.3 во Македонија

Со ID.3, Volkswagen се движи кон иднината. Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување.  

Сите контроли – вклучително и оние на мултифункционалниот управувач – се управуваат со употреба на функции на допир. Само електричните прозорци и светлата за предупредување за опасност сè уште работат со тактилни прекинувачи. Ова е дополнето со интелигентна контрола со природен говор. Благодарение на App Connect, ID.3 може да се поврзе со вашиот паметен телефон за неколку секунди.

Од самиот почеток на продажбата, ID.3 е достапен со три опции за големина на батеријата. Основната варијанта има корисна енергетска вредност од 45 kWh и овозможува досег до 330 километри (според WLTP).
Потоа следува варијанта на батеријата со 58 kWh, што му овозможува на ID.3 да постигне досег до 420 км. Енергетската содржина на најголемата батерија е 77 kWh, а нејзиниот електричен досег е до 550 километри. Благодарение на неговата можност за брзо полнење, можно е да се наполни ID.3 за досег од околу 290 километри во рок од 30 минути, користејќи моќност за полнење од 100 kW.

Самите батерии се интегрирани во подот. Ова позиционирање има позитивен ефект врз динамиката на возењето, бидејќи го поместува центарот на гравитација значително пониско. ID.3 се карактеризира и со оптимална дистрибуција на тежина помеѓу предната и задната оска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK