Да му помогнеме на македонското Renault 4 да стигне до Индија!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако лани со 40 годишно Renault 4 стигнаа до Монте Карло сега македонскиот тим составен од Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов од Стојаково се подготвува за нова уште посериозна авантура. Нивната следна цел е да стигнат до Мумбај, Индија и попатно да минат низ земјите каде своевремено минала и војската на Александар Македонски.

Целата маршрута до Индија и назада до Стојаков е долга 19.000 километри. Планот е да се стартува на 23 март а на 1 мај екипажот да биде во Македонија. Ќе се патува преку Грција, Турција, Грузија, Азербејџан, Иран и Пакистан.

„По многу студено и ветровито време, денеска на Велешкото езеро падна првата клапа за реалити шоуто кое ќе може да го уживате со почеток од 23ти март. Dzoko и Gjorgji како и остатокот од нашата екипа им се заблагодаруваат на камерманите и режисерот кои денеска бравурозно се бореа на студеното време да ги доловат првите кадри од новите авантури кои допрва следуваат. Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека сме охрабрени од големиот одзив на спонзори кои се јавија да ни помогнат да успееме да ја освоиме Индија. Доколку и Вие саката да го ставите името на вашата компанија на нашето Рено и да патува со нас до Индија, пратете ни порака. Се слушаме наскоро! Среќни празници! напишаа „маратонците“ на нивниот фејсбук профил.

Доколку сакате да помогнете тогаш можете да им пишете на нивниот ФБ профил  и да се обезбедат потребните средства за реализација на овој потфат.

А што се ќе имаат овојпат во експедицијата?
„Планираме овој пат со нас да имаме и логистика составена од најмалку механичар, камерман, медицинско лице и шофер кое ќе не пратат во друго возило, доволен број на резервни делови, медицински материјал како и храна и вода доколку заталкаме некаде во пустината во Пакистан.
Сите донации ќе бидат искористени за трошоците за оваа мисија кои според нашите пресметки се движат некаде помеѓу 12.000 и 15.000 евра за подготовка на возилото, визи за сите членови на екипажот, попатен смештај и трошоци во текот на патот.
Во знак на благодарност, сите компании кои ќе донираат за оваа мисија ќе бидат испишани на нашето Рено, објаснија нашите мисионери.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK