Аутомакедонија e нов увозник и дилер на PIAGGIO COMMERCIAL за Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Aутомакедонија АД Скопје во 2019 година oфицијално започнува со реализацијата на уште еден нов проект, потпишан е договор за соработка (ексклузивно дилерство) со PIAGGIO Commercial Vehicles, дел од Италијанската групација PIAGGIO.

Дивизијата PIAGGIO Commercial, e производител на лесни комерцијални возила, со вкупна бруто маса до 3,5 тони, кои се идеални за работа во урбаните градски средини. Возилата на Piaggio Commercial, се мали во димензиите но одлични во перформансите, флексибилноста и носивоста.
Само минатата, 2018 година, испорачани се – 210.500 лесни комерцијални возила од палетата на Piaggio Commercial.

Програмата на Piaggio Commercial е поделена во 2 категории на модели.

APE – комерцијални возила на три тркала, кои го носат со себе препознатливото ДНК на моторциклистичката дивизија на Piaggio. Трансформирани се во товарни возила – во кои може да се носи најразличен вид на товар, максимално се корисни и практични за користење во урбаните средини, а истите секојдневно се трансформираат за најразлични потреби – од градски кафулиња или ресторани на тркала, до одлични маркетинг алатки во секојдневието.

PORTER – товарни возила на четири тркала, со вкупна бруто маса од 3,5 тони со модели кои може да извлечат максимална дозволена носивост од 1,2 тони. Oд каросериска гледна точка, Porter може да се добие како – товарно возило со гола шасија (на која може да се надоградуваат разни апликации – особено атрактивни во комуналниот бизнис), отворен товарен бокс за превоз на секаков товар, како кипер – кој наоѓа одлична примена во градежништвото за превоз на материјали, шут и отпад и како затворена ван верзија.
Опремени се со бензински мотори, фабрички конвертирани мотори на бензин и течен нафтен гас (LPG), а се работи и на целосно електрифицирање на гамата на Porter.

Aутомакедонија со потпишаниот договор стана официјален и ексклузивен увозник и дистрибутер на Piaggio Commercial Vehicles за Македонија и како овластено лице за извршување на постпродажните активности.

Салонот за Piaggio Commercial, ќе биде лоциран во продажно сервисниот Мулти бренд комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, во Скопје, а првите возила се веќе на пат кон нашата земја.

Повеќе информации на тел. 02 3103 130
E-mail : kontakt@automakedonija.com.mk
Web : www.automakedonija.com.mk

Соопштение на Аутомакедонија