АНКЕТА на 24auto.mk: Возачите најчесто полнат гориво на Макпетрол

ОБЈАВЕНО НА:

Во анкетата спроведена онлајн на најчитаниот портал за автомобили, сообраќај, патувања и спорт во Македонија, www.24auto.mk. учествуваа 2.895 лица кои одговорија на поставеното прашање.

Македонските возачи се најлојални кон Макпетрол, и речиси половина од оние што учествуваа во анкетата на www.24auto.mk потврдија дека ги користат услугите на најголемиот македонски бренд кој тргува со нафтени деривати. Анкетата беше спроведена онлајн во период од три дена на најчитаниот македонски портал за автомобили, сообраќај, патувања и спорт.

Од вкупно 2.895 учесници кои одговорија на поставеното прашање дури 44,28 отсто (1.285 гласови) потврдиле дека бензинските пумпи на Макпетрол најчесто се местото каде ги користат услугите за гориво.

Во анкетата беа вклучени три можни одговори. Покрај Макпетрол како опција беше и Лукоил, Окта и Други ( со оглед на тоа што постојат и доста приватни бензински пумпи низ државата).

За бензинските на Лукоил се изјасниле дека ги користат 22,18 отсто од анкетираните (642 гласа), пред Други – 17,65 отсто.
Најмалку се користат бензинските брендирани со знакот на ОКТА, и тоа 15,89 отсто (460 гласа).

АНКЕТА: На која бензинска пумпа најчесто полните гориво?

Следете не и на:

24AUTO NETWORK