АНКЕТА – Кога би купиле автомобил…

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сакаат да купат автомобил, да се подноват да се возат во нешто што го сакаат, го посакуваат. И се зависи од буџетот, од можностите, од длабочината на џебот..

Желбите секогаш се различни барем кога станува збор за марката, бојата, опремата…. Сите сакаат нов автомобил, но за некои важно е тој да биде „нов“, а под тоа поразбираат и половен, но добро сочуван.

Ако сакате да бидете во чекор со трендовите секако би возеле можеби хибрид или електрично возило, иако оние што се уште веруваат во ваквата автомобилска индустрија не очекуваат дека наскоро бензинските и дизелски мотори ќе замрат.

Токму тоа сакаме да ве прашаме, да го видиме расположението на вас купувачите.
Прашањето е едноставно: АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, СО КАКОВ МОТОР БИ БИЛ ТОЈ:

Па ги очекуваме вашите гласови.

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА
Следете не и на:

24AUTO NETWORK