Ако не можете да отидете во салонот – Порше Македонија преку видео ви ја претставува Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

SKODA Octavia е столб на портфолиото на возила од чешкиот бренд . Големиот број на клиенти го ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари.

Во време кога се препорачува држење дистанца и продржување до мерките предложени од епидемиолозите многумина ги сведуваат на минимум вообичаените прошетки по гости и се со намален степен на социјализација. Но, тоа не значи дека треба да се лишиме од секојдневните активности, од задоволување на потребите. Патувањата повторно ќе бидат актуелни, но сега веројатно помалку ќе ги делиме превозните средства и ќе сакаме да бидеме сопственици на личен автомобил.

Посетите на салоните можеби се намалени, но желбата за свој пријател секогаш останува. Ако не можете да го посетите салонот на Порше Македонија, импортерот на возилата на Skoda, VW, Seat и Audi сепак можете повторно, изворно од продавачите што ги познавате да се запознаете со новите модели. Порше Македонија понуди нешто интересно, претставување на новите модели преку кратко видео наменето за оние што ги почитуваат, возат и сакаат моделите на Skoda.

Надворешниот дел е комплетно нов, со многу детали кои непогрешливо говорат – Škoda. Со должина од 4,689 мм и ширина од 1,829мм, новата генерација е подолга за 19мм и поширока за 15мм, додека сега, меѓуоскиното растојание изнесува 2,686мм. Оваа разлика во димензии е евидентна во внатрешниот дел, каде просторот е максимално искористен за врвен комфор на патниците.

Сепак најдобро е да го погледнете видеото и да се запознаете со новиот модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK