Ако направите сообраќајка: Двојно зголемена глоба и забрана за управување до 1 година

ОБЈАВЕНО НА:

За прекршок во сообраќајот на патиштата со кој е предизвикана непосредна опасност за друг учесник во сообраќајот, односно е предизвикана сообраќајна незгода. Кога е сторен прекршок од областа на сообраќајот на патиштата со кој е предизвикана сообраќајна незгода со смртни последици, на возачот може да му се изрече прекршочна санкција престанок на важење на возачката дозвола.

Според Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата што е на сила од 1 јануари 2020 година доколку возачот сторил прекршок во сообраќајот на патиштата со кој е предизвикана непосредна опасност за друг учесник во сообраќајот, односно е предизвикана сообраќајна незгода. И во минатото постоеше ваква одредба каде покрај износот на глобата зголемен двојно од предвидениот износ ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило на определени видови или категории моторни возила односно возила на моторен погон.

Должината на забраната зависи од паричната казна според направениот прекршок, и за најмалиот прекршок за кој е предвидени глоба до 50 евра ќе добиете и забрана за управување на возило од 30 дена до три месеци.

Следните временски забрани се однесуваат за:

– во период од три до шест месеци – за прекршоците за кои е предвидена глоба во износ до 51 до 199 евра во денарска противвредност,

– во период од шест до девет месеци – за прекршоците за кои е предвидена глоба во износ до 200 до 399 евра во денарска противвредност и

– во период од девет месеци до една година – за прекршоците за кои е предвидена глоба во износ до 400 до 600 евра во денарска противвредност.

Возач кој не поседува возачка дозвола, а стори ваков прекршок забраната на управување со моторно возило опфаќа забрана за стекнување на возачка дозвола од шест месеци до една година.

Кога е сторен прекршок од областа на сообраќајот на патиштата со кој е предизвикана сообраќајна незгода со смртни последици, на возачот може да му се изрече прекршочна санкција престанок на важење на возачката дозвола.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK