Ако годината се познава по почетокот: За 6 часа казнети 509 лица за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Ако акцијата на полицијата на 1 јануари треба да биде некој показател, тогаш во 2021 година добро ќе се наполни буџетот на државата од сообраќајните глоби. Според податокот на МВР на 1 јануари 2021 во периодот од 10 до 18 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 509 возачи, кои ја пречекориле дозволената брзина.

Притоа, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 94 возачи за брзо возење, СВР Скопје евидентираше 80 казни, 70 санкции за брзо возење се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 61 на СВР Охрид, а една помалку (60) на подрачјето на СВР Куманово. СВР

Струмица регистрираше 59 казни, СВР Штип 48 санкции, СВР Велес 25, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 12 возачи.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, од кои 80 за управување со брзина поголема од дозволената, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 6 мерки за нерегистрирани возила и останати 27 санкции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK