Македонец реставрира олдтајмери и ги продава во Германија – следен на листата е Porsche 928

ОБЈАВЕНО НА:

Да се реставрираат олдтајмери е навистина напорна и пред се скапа работа. Но, некогаш љубовта е голема, и радоста огромна кога ќе се заврши проектот. Климент Џаџов од Штип зад себе има неколку проекти на реставрирани возила што потоа завршиле кај странски купувачи.

Сегашниот олдтајмер е Citroеn Dyana. Откако десет години истото возило не било користено и се наоѓало во запуштен двор било откупено од Џаџов. Моделот има 34 КС, но е одличен за планинските непроодни патишта.

Му требале околу три месеци за целосна реставрација и потрошил околу 1.500 евра. Возилото е во одлична состојба и наменето за офроунд патишта. Такви се и гумите. Повеќе го користи за сопствен мерак отколку за возење по нормални патишта.

Џаџов има план да реставрира наскоро уште поатрактивно возило, Porsche 928 од 1982 година. Се надева ќе успее и тоа ќе биде навистина вреден модел.

Погледнет го прилогот што го направи за него TV MNETHD од Штип.

Македонец реставрира олдтајмери

Климент Џаџов од Штип реставрира олдтајмери. Последниот е Citroen Dyana.. Има во план да реставрира и Porsche 928…Прилог на ТВ MNETHD.

Публикувахте от 24auto.mk в Понеделник, 17 август 2020 г.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK