Мак Аутостар е најдобриот дистрибитер на Mitsubishi во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Мак Аутостар генерален дистрибутер на MITSUBISHI  во Македонија, е најдобриот дистрибутер во Европа, за 2020 година. Податоците се однесуваат според постигнатите резултати на учество во продажбата на локалниот пазар.

Со учество во продажбата на македонскиот пазар на нови возила со околу 2,7%, Mitsubishi исто така е еден од најпродаваните автомобилски брендови и во Македонија.

Веднаш зад Македонија, MITSUBISHI најмногу се продава во Норвешка, Исланд, Финска, Германија, Шведска итн.

Двата модела на MITSUBISHI, ASX и Space Star, споредено со сите земји во Европа, најмногу се продавале токму во Македонија.

„Минатата година беше исклучително ризична поради пандемијата. Сепак многу податоци укажуваа дека КОВИД ситуацијата ќе биде долготрајна, што значеше и барање начини за намалување на притисокот врз економијата. Исто така, во Македонија пресудни беа и комплексните, социо-психолошки фактори на купувањето, што подоцна сето тоа се покажа како точно. Воедно, би сакал да се заблагодарам на купувачите, бидејќи без нивната доверба, немаше да го постигнеме овој бизнис успех“, изјави директорот на MITSUBISHI за Македонија, Владица Кокаловиќ.

Сооштение на Мак Аутостар

Следете не и на:

24AUTO NETWORK