Маcк прогнозира: Tеslа Mоdеl Y ќе биде најпродаваниот автомобил во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Елон Маск си постави амбициозна цел, откако изјави дека Tеslа Mоdеl Y ќе биде најпродаваниот автомобил во светот во 2022 или 2023 година. Тоа се случи на прес-конференцијата на брендот, чија цел беше дискусија за продажбите и финансиите за првата четвртина од годината.

Маск дури го потврди тоа одговарајќи на прашање на Твитер. Таму милијардерот рече, дека тоа најверојатно ќе се случи во 2023 година, кога Mоdеl Y требаше да го достигне највисокото ниво на продажба.

За споредба, во 2020 година, Tеslа продаде околу 442.000 примероци од Mоdеl Y и Mоdеl 3 зaeднo, без притоа точно да се прецизира за самостојните модели.

Доколку се земат бројките за најпродаваниот автомобил во 2020 година, тогаш може да се види тека тоа е Tоyоtа Соrоllа од која се продадени околу 1,1 милиони примероци. Од Tеslа исто така споделуваат дека од почетокот на 2021 година се продадени близу 185.000 примероци од Mоdеl Y и Mоdеl 3.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK