Ма каква криза: Ferrari со добивка од 939 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител на спортско-луксузни возила Ferrari минатата година оствари нето добивка од 939 милиони евра, што е за 12,7 отсто повеќе од претходната година и највисока досега.

Како што јави француската новинска агенција АФП, компанијата соопшти дека продала 18,5 отсто повеќе возила од лани, а оптимисти се и за овогодинешниот бизнис.

Ferrari минатата година на клиентите им испорача 13.221 возило, што, според раководството на компанијата, претставува одлична основа за оваа година. „Побарувачката за нашите производи ширум светот останува силна“, изјави главниот извршен директор на компанијата, Бенедето Виња.

Приходите од продажба лани достигнаа 5,09 милијарди евра или 19,3 отсто повеќе од претходната година. До 2026 година се очекува сумата да се зголеми на 6,7 милијарди евра, за што ќе придонесат 15-те нови модели кои Ferrari има намера да ги претстави дотогаш.

Ferrari заработува не само со продажба на автомобили, туку и со продавање на своите мотори на производители на други брендови, како што е Maserati, и со маркетинг на брендот, на пример за производи со нивното лого.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK