Лошо тргна Fiat 500 EV: Планираа 15.000 – продадоа 6.353 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Италијански Fiat не може да се пофали дека добро тргнала продажбата на малиот електричен Fiat 500. Магазинот Аутомотив Њуз ја пренесува изјавата на Оливер Франсоа, директорот на Fiat кој вели декa брендот планирал до крајот на 2020 година да продаде 15.000 возила. Но, според податоците на JATO Dynamics тие продале само 6.353 возила.

На ваквите бројки секако влијаела и пандемијата, но сепак е разочарувачки ако се има предвид дека Fiat планира годишно да продава околу 80.000 возила. Но, и тоа веројатно ќе биде тешко остварливо бидејќи според податоците на JATO од јули до крајот на февруари се продадени нешто над 10.000 нови возила 500s во Европа. Тоа е околу 1.250 возила месечно во просек, и ако се задржи таа тенденција тогаш годишната продажба ќе бид еоколу 15.000 возила.

Според извештаите на Fiat сега се произведени 32.000 возила од новиот 500s и се наоѓаат на залиха. Како резултат на тоа се намалува и производството во иднина и ќе биде укината една смена.

Она што е интересно е дека познатаа публикација ги открива и плановите за 500 ван. Малку се знае за тоа, но моделот веројатно нема да има задни седишта и ќе доаѓа со дел за карго. Тоа веројатно би било слично со она што го направи Kia со e-Soul Cargo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK