Лоши времиња доаѓаат: Ford отпушта 12.000 вработени во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

До крајот на 2020 година во фабриките во Европа компанијата на Ford ќе затвори вкупно 12.000 работни места. Пет од 24 фабрики на американската компанија ќе бидат затворени, а една продадена. Ова е предвидено во програмата за масовно преструктурирање на бизнисот.

Само во Германија без работа ќе останат 5.000 лица од фабриките во Келн, Зариус и Ахен. Во САД исто така претстои кратење на работните места, а до септември ќе бидат ослободени 2.300 лица, главно „бели јакни“.

Ford одамна ги подготвува јавноста и вработените за претстојните промени, но програмата за оптимизација на активностите е уште побрутална од најмрачните прогнози. Компанијата го прилагодува целиот свој бизнис модел и ќе се појават нови структури и одговорности со цел да се постигне повисоко ниво на профит.

Претседатеот на Ford of Europe, Стјуарт Роули признава, дека намалувањето на работниците и затворањето на фабриките е една од најтешките одлуки. Тој уверува дека компанијата го претпознава влијанието на преземените мерки врз семејствата и општеството и уверува дека раководството ќе се стреми кон тоа да даде максимална поддршка за сите оние кои се засегнати од случувањта.

Ford веќе затвори три од фабриките во Русија. Наскоро ќе се затврорат вратите за делови од француската Аквитанија. Фабриката за менувачи во Словачка ќе биде продадена на Магна, a таа за моторите во Велика Британија ќе биде ликвидирана бидејќи досега не е пронајден купувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK