Lexus повлекува три модели од Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Lexus наскоро од европскиот пазар ќе повлече три модели.

Самиот производител наведува дека засега сигурно ќе се повлечат моделите CT, IS и RC, а акцентот на компанијата наредниот период ќе бидат SUV моделите.

Производството на овие три модели всушност престана о текот на летото, па во наредниот период ќе се продаваат само оние примероци кои се наоѓаат на залиха.

Инаку во првите осум месеци годинава, Lexus од моделот CТ продаде 2.344 примероци, од моделот IS 1.101 примерок додека од моделот RC само 422 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK