Lexus го прославува 30-тиот роденден

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Lexus на 30 јуни ќе има јубилеј односно ќе биде прославен 30-тииот откако овој луксузен автомобилски бренд со специјални високотехнолошки презентации се претстави за време на Chantilly Arts & Elegance Richard Mille, еден од водечките европски настани поврзани со автомобилите, уметноста и животниот стил.

Активностите ќе го вклучат и финишот на конкурсот Lexus UX Art Car, претставувањетона новиот концепциски модел LC кабриолет и европската премиера на новиот SUV RX. Lexus е официјален партнер на петтото издание на настанот, кој се одржува во имотот на познатото Château de Chantilly во Франција, на 50 километри северно од Париз.

Настанот е светски признат како историска и елегантна витрина на најстилските класични, модерни и концепциски автомобили. Местото е познато и по конкурсот за најдобрите: парада на „Најубавите автомобили во светот“, аукција и многу други настани и забава, создадени за да се одбележи „art de vivre à la Française“ – квинтесенцијата на францускиот начин на живот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK