Lancia со пораст на продажбата за 20,7%, пад на FCA

ОБЈАВЕНО НА:

Иако се продава само во Италија, Lancia, минатата година забележа пораст на продажбата од 20,7% што претставува најголем пораст споредбено со останатите брендови од FCA Групацијата.

Во текот на изминатата година Lancia продаде 58.903 примероци (во 2018 год. 48.806) од моделот Ypsilon кој е единствен во понудата со што ја надмина продажбата на Alfa Romeo.

Во Европа, FCA не помина баш најдобро. Минатата година забележа пад на продажбата од 7,3% споредбено со 2018 година успевајќи да продаде само 928.873 автомобили.

Пад на продажбата во Европа забележа и Fiat како и Jeep. Италијанскиот бренд продаде само 651.080 примероци што е пад од 7,2% додека пак Jeep оствари пад од 1,1% продавајќи 161.835 автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK