Lancia се враќа на европскиот пазар – како премиум бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Сагата околу Lancia започна во истиот оној момент кога сега покојниот Маркијоне донесе одлука овој бренд да се продава само во Италија.

Сега првиот човек на новоформираниот производител Stellantis, Карлос Таварез на прес-конференција најави дека овој бренд повторно ќе биде достапен на купувачите ширум Европа, а истиот ќе се позиционира како премиум бренд.

Во моментов Lancia во понудата во Италија го има само моделот Ypsilon, но само со овој модел овој бренд генерира поголема годишна продажба во однос на Alfa Romeo.

Засега се шпекулира дека во наредните неколку години ќе бидат претставени бројни новитети и тоа: новата генерација на Ypsilon, кросовер изведби на Delta и Mussa како и оживување на Thema.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK