Lancia има само еден модел во понудата, ама не се дава

ОБЈАВЕНО НА:

Lancia е целосно маргинализираниот бренд на FCA Групацијата. Доказ за тоа е што веќе неколку години овој автомобил во понудата има само еден модел и се продава исклучиво во Италија.

Сепак и покрај тоа, години наназад, Lancia продава повеќе автомобили отколку Alfa Romeo во целиот свет.

Иднината на овој бренд не е позната, а и покрај сите иницијативи за враќање на старите патеки, FCA засега воопшто не размислува за било што со овој бренд. Единствено, дизајн центарот од време на време знае да лансира одредена верзија на моделот Ypsilon.

 

Токму и една таква именувана како Monogram Edition претстави во Италија. Истата, во споредба ос класичниот Ypsilon се разликува во бојата, фелните и седиштата.

Целта е со оваа верзија Ypsilon да остане и натаму најпродаван модел во својата класа во Италија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK