Lamborghini забележа „невидена“ продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на септември компанијата Lamborghini успеа да ги забележи најдобрите бројки во историјата и покрај тоа што владее криза во време на коронавирусот. Сепак, желбата за да се поседува луксузен автомобил била поголема, па неколку брендови бележат зголемување на продажбите.

Automobili Lamborghini објави дека компанијата забележа рекордни продажби во септември, а до клиентите биле доставени 738 автомобили. Вкупниот резулта на легендарниот бренд за третиот квартал од годината е на ниво од 2083 автомобили.

За време на седум неделното затворање на фабриката на Lamborghini, бизнисот беше трансформиран и безбедноста на вработените станала основен приоритет. После рестартирањето на производството, Automobili Lamborghini почна производство на три нови понуди на пазарот, вклучувајќи ги Huracan RWD Spyder, Sián Roadster и Essenza SCV12, и успеа да ги достигне производствените граници од 10.000 примероци за Urus и Aventador.

„Јас сум исклучително горд на овие резултати, а тие ја потврдуваат одличната работа, која ја вршиме веќе со години. Тоа е поддршка за нашата позиција како една исклучително инспиративен, барам и одржлив бренд во автомобилскиот свет“, коментира Стефано Доменикали, кој е претседател и извршен директор на Automobili Lamborghini.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK