Lamborghini лансира две нови понуди на V12 во 2021

ОБЈАВЕНО НА:

Паралелно со објавувањето на резултатите од продажбата за минатата календарска година, Lamborghini објави дека после претставувањето на крајот на минатата година на Huracán STO, во 2021 година ќе бидеме сведоци на две нови пазарни понуди на легендарниот бренд, кои ќе опремени со V-образен, 12-цилиндричен мотор.

Од Lamborghini информираат дека во текот на минатата година биле регистрирана втората најдобра продажба во историјата на брендот. Вкупната реализација на компанијата достигнала ниво од 7.430 примероци што иако бележи пад во споредба со рекордната 2019 година и нејзините 8.205 купени единици, сепак, е импресивен резултат спроти целокупниот пад во 2020 година.

Најсериозна била побарувачката на продуктите на Lamborghini во текот на минатата година во САД, каде што биле купени вкупно 2.224 автомобили од брендот. На второто место се наоѓа Германија со 607 продажби, а потоа следуваат Кина, Хонгконг и Макао со 604, Јапонија со 604, Велика Британија со 517 и Италија со 347 примероци.

„Во 2021 стартувавме со многу позитивна перспектива: испораките во првите два месеци на оваа година веќе ги надминаа тие од претходниот пандемичен период и примените нарачки до моментот веќе ги покриваат деветте месеци од производството3, коментира Стефан Винкелман, претседател и извршен директор на Automobili Lamborghini.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK